Леброн Џејмс ќе игра во Филаделфија

98

Конечно, кошаркарскиот свет, особено оној американскиот може да здивне. Леброн Џејмс иако веќе во петтата деценија од животот, сепак, и натаму го владее светот околу себе, па неговата одлука каде ќе игра во претстојната НБА сезона се чекаше буквално како да зависи целата лига од истата.

Па така, денеска конечно е објавено дека Џејмс следната сезона ќе го носи дресот на тимот на Филаделфија.

Откако стана јасно дека Лејкерси нема да му понудат нов договор, и дека ќе мора да менува, Џејмс бараше нов клуб, со назнака дека мораше тоа да биде некаде каде што како што американците милуваат да кажат, „маркетот е голем“. Поточно, да биде дел од екипа која што има голема навивачка база, како Филаделфија на пример, и која што ќе биде погодна за продажба на неговиот бренд, лик, дело, и секако рекламите кои што се неизбежен дел од НБА преносите ширум САД, и светот.

 

ПретходноСалиу: Кардиналните грешки тешко се поправаат
СледноАндреа Пирло ќе биде новиот селектор на Италија