Салиу: Кардиналните грешки тешко се поправаат

82

Тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, по штотуку завршениот меч во Кавадарци против Тиквеш, каде што неговиот тим во рамките од првото коло од новиот ПМФЛ шампионат, загуби со сериозни 5:1, можеше само да го признае поразот и да честита на противникот. Кој што патем ги искористи сите можни грешки на Арсими денеска, кои што пак ги имаше поприлично.

„Заслужена победа на Тиквеш во која што нашите грешки направија да дојдеме до овој лош резултат. Направивме неколку кардинални грешки кои што тешко се поправаат, особено ако се неколку. Имаме на што да поработиме во следниот период. Да се фокусираме на исправање на грешките. Сезоната само што започна. Ова е поука за следните мечеви“ – изјави Салиу.

ПретходноКадетите во посета на Македонско село и манастирот „Св. Пантелејмон“
СледноЛеброн Џејмс ќе игра во Филаделфија