Екипата на Струга Трим Лум во пресрет на новата сезона беше на прием кај градоначалникот Менди Ќира.
Градоначалникот на Струга кој е еден од главните инвеститори на тимот им посака на фудбалерите и целиот тим добра сезона, посакувајќи да го направат целиот град горд.
„Се надевам дека оваа година ќе биде добра година, затоа сакав да се сретнам денес и дека ова ќе биде морална поддршка од мене како градоначалник, но и од општината воопшто да ве туркаме напред за на крајот да стигнеме таму каде што треба да бидеме“, им рече меѓу другото на играчите и техничкиот персонал, Менди Ќира.

Струга Трим Лум ја отвора новата фудбалска сезона утре со домашен натпревар против дебитантскиот тим на Шкендија А.
Натпреварот започнува во 17:00 часот, а се очекува да биде присутен и градоначалникот на Струга, Менди Ќира.















