Јуниорите со пораз од Грузија го отворија Европското првенство Б Дивизија

57
Фото: ФИБА

Македонската репрезентација до 18 години со пораз го отвори Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Опатија. Нашите јуниори одиграа неизвесни 30 минути против Грузија, паднаа во првата половина од последната четвртина и беа совладни со 83-66.

Ѓорѓи Цветковски со 20 поени беше прв стрелец, зад него беше Ѓорѓи Ѓорѓевиќ со 11 поени.

По изедначената прва четвртина (17-16), избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ заиграа многу добро во втората четвртина, но не ја задржаа константноста, на двапати има позитива од девет поени, по последните 26-35, противникот со серија од 10-0 поведе со 36-35. На одморот резултатот беше 36-36.

На стартот на последната четвртина, противникот успеа да поведе со 62-49, откако претходно направи влезе во серија. Претходно, Македонија пак имаше водство од пет поени (42-47). Противникот не застана тука, дојде на плус 17 (77-60) на нешто помалку од три минути до крајот. Ова беше доволно за да Грузија го приведе мечот во своја корист.

Македонија утре го игра вториот натпревар, за противник ја има селекцијата на Босна и Херцеговина, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноСенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август
СледноГРК Охрид тргна со подготовки, амбициите се остануваат непроменети!