Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Милош Тошевски ќе се испроба во шампионатот на Узбекистан.
Играчот за врска е нов член на тимот на Катакоргон кој што е дел од втората по ранг дивизија во тамошниот фудбал.
Претхотно Тошевски беше дел од екипите на Спартак и Напредак, а беше дел и од Атирау во Казахстан како и од тимот на Бродарац. Своевремено со овој клуб беше младински шампион на Србија, и играше во младинската Лига на Шампиони.
Имаше и епизода во македонскиот ПМФЛ шампионат во тимот на Работнички.










