И Пелистер означи старт на подготовките за новата сезона. Искусниот стратег на клупата на битолскиот тим, Лично Червар денеска и официјално ја стартува својата ера во градот на Конзулите.
Битолчани ќе играат во Европската лига и таму имаат група која ќе донесе нови возбудувања, европскиот шмек нема да изостане во овој град. Македонскиот претставникќе игра во групата Г против екипите на Гумерсбах, Ла Риоха и Гдањск.
Стартот на подготовките од Пелистер го најавија со видео-запис.










