Инфантино за критиките за Светското првенство: Додека ширите омраза, ФИФА ја приредува најдобрата претстава во светот

114

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одговори на критиките за Светското првенство кое се одржа во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули.

„Ова е мојата порака до сите кои ги пропуштија нашите прекрасни игри, емоциите, прославите, смеата, солзите и радоста. На сите што пропуштија да видат деца, бебиња, родители и баби и дедовци заедно на прекрасна игра. Се извинувам за завршувањето на игрите и што ја пропуштивте целата таа радост и заедништво. Се извинувам што бевте толку обземени од омразата и критиките, па го пропуштивте сето тоа. На оние што седат со пенкала и хартии, зад своите екрани, ширејќи омраза и лажни гласини, сакам да им кажам дека додека вие седите настрана, ние во ФИФА сме на првата линија, организираме, работиме напорно и го правиме најдоброто шоу во светот. Додека вие се криете, ние ги истражуваме улиците на Канада, Мексико и САД, се поврзуваме со навивачите, комуницираме со луѓето и ја осигуруваме безбедноста на сите. Додека вие делите, ние се обединуваме. Луѓето се собираат како семејства, како навивачи, како едно. Ова Светско првенство ја прослави човештвото во најдобро издание“, порача меѓу другото Инфантино, одговарајќи на бројните критики за низата пропусти и скандали кои го следеа Мундијалот.

ПретходноТренерот на Фуксе Берлин со порака до Цехте: Жртвуваше многу, беше посветен и лојален!
СледноВо Супер-лига ќе има нов систем за натпреварувње, почнува од сезоната 2027/28