Петрушев втор, Рибарски петти на Европскиот куп, одличен настап и на Смилев кај јуниорите

32
фото: Angel Petrushev (FB)

Најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев го освои второто место на трката од Европскиот куп која се одржа викендов во Руднице, Чешка. На финалната трка во К1, Петрушев заостана само 37 стотинки зад победникот Кучо од Полска и најави одлична форма пред претстојното европско првенство во Франција.

На истата трка одличен настап имаше уште еден македонски кајакар, Стефан Рибарски, кој на крајот во генералниот пласман го освои петтото место, со заостанување од 8,54 секунди зад победникот.

За време на викендот во Руднице на истата патека се возеа и трки во помладите категории, каде повторно забележителен настап имаше младиот Кристијан Смилев. Тој се појави на трката за јуниори до 18 години и го освои четвртото место, откако минатата недела беше победник на трката во Чешке Буѓевице. И тој како и останатите наши кајакари се подготвуваат за претстојното Европско првенство во Франција.

ПретходноГо судеше финалето на Мундијалот, па реши да оди во пензија
СледноАВСТРИСКА ВЕЧЕР НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ СО ПОДДРШКА НА КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА