Чурлинов, сепак, го одбра Погон Шчечин, добива договор на две години

254

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во полската Екстракласа. Крилниот напаѓач веќе се договорил за условите со Погон Шчечин, објавија полските медиуми.

Викендов се појави веста дека Дарко Чурлинов е блиску до враќање во Полска, откако имаше одличен период додека беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток во сезоната 2024/25.

Тој сега преговараше со Погон и со Видзев Лоѓ, но се чини дека вчера работите отидоа во насока на негов трансфер во Погон.

„Се чинеше дека договорот со Видзев е веќе финализиран. Во неделата, пред натпреварот на Видзев против Мотор тој требаше да биде најавен како еден од новите играчи, но потоа Погон се вклучи силно. Откако доби понуда од Погон со слични услови, играчот одлучи да оди во Шчечин“, пишуваат полските новинари.

Целосен договор е постигнат. Чурлинов ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување за уште една сезона. Официјално соопштение се очекува денеска.

ПретходноОва не се случило порано: Гостите на отворањето на сезоната постигнаа само ЕДЕН гол!
СледноПирло нема да биде селектор на Италија, Малдини најавил оставка