Мурињо го убедува Камавинга да си оди од Реал, Французинот не сака да чуе

121

Новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, викендов имал интензивни разговори со играчот од средниот ред Едуардо Камавинга, за да му објасни дека ќе му биде тешко да добие време за игра во мадридскиот клуб во новата сезо0на.

Како што известува новинарот Серхио Валентин, Мурињо го имал ова гледиште дури и пред неговото доаѓање во Реал Мадрид, но сега јасно му го соопштил на Французинот, кој не сака да си оди од „Сантијаго Бернабеу“.

Клубот веќе истражува опции за продажба на играчот, но како голема пречка е тоа што самиот Камавинга во моментов им најавил на првите луѓе на клубот дека нема намера да си оди, без разлика на позицјата која ќе ја има во тимот на Мурињо.

Минатата сезона, 23-годишниот Французин одигра 29 натпревари.

ПретходноНајстар активен фудбалер: Миура и на 59 години постигнува голови (ВИДЕО)
СледноПоложани бара повисоко темпо на игра на Шкендија