Вардар ја виде Рига!

146

Фудбалерите на ФК Вардар веќе се во Рига. После 12 часовната авантура имаа време да се одморат, но и да направат прошетка низ градот.

Македонскиот првак вечер ќе го има официјалниот тренинг и ќе ја одржи задолжителната прес-конференција пред реваншот со Рига во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Натпреварот се игра со почеток во 19 часот, а Вардар првата пресметка на домашен терен ја загуби со 2:3. Дел од фудбалерите кои имаат стандардни места беа поштедени против Брегланица во првото коло во ПМФЛ, со цел да бидат посвежни за мечот кој ќе значи да се биде или не за Вардар на европска сцена.

ПретходноВо Супер-лига ќе има нов систем за натпреварувње, почнува од сезоната 2027/28
СледноОдбојкарките стартуваа со мисијата – Таранто!