УЕФА сака да стави крај на бесмислените проверки на ВАР за се и сешто!

124

На состанокот на водечките судии одржан заедно со претставници на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), било оценето дека претерано долгите и детални проверки на ВАР се знак дека технологијата го надминала опсегот за кој првично беше воведена.

УЕФА во соопштението нагласи дека ВАР не смее „да суди“, туку да го поддржува главниот судија, кој мора да остане клучна фигура во донесувањето одлуки.

„ВАР треба да интервенира само кога одлуката на судијата е очигледно погрешна или кога судијата пропуштил јасна ситуација“, соопшти УЕФА.

На состанокот било потврдено и ново толкување на правилото за погрешен идентитет. ВАР може да исправи ситуација каде што погрешниот играч е казнет, ​​но не може да го промени видот на прекршокот или дисциплинската мерка.

Новите измени на правилата насочени кон намалување на доцнењата во натпреварите, исто така, добија едногласна поддршка, вклучувајќи ги временските ограничувања за удари од гол, аут и замени, како и новите правила за повреди и броење на времето на голманите.

Иако УЕФА сака да го скрати времетраењето на проверките на ВАР и да ја врати довербата во системот.

ПретходноВардар беше на чекор до сензација, па се распадна во продолжението (ВИДЕО)
СледноЛиверпул ја подготви првата понуда за Баркола: 110+40 милиони евра!