Досегашната ѕвезда на екиопата на ТФТ, Дарин Говенс, следната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Од клубот го потврдија трансферот на Американецот, кој ќе биде едно од најголемите засилувања за сезоната 2026/27.
Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје.
Во минатата сезона на 26 одиграни средби просечно бележеше 11,3 поени, 3,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар.










