Летонците се далеку од фудбалска велесила а нивниот клубски фудбал според ранкингот на УЕФА е блиску до нашиот. Низ историјата на репрезентативно ниво Македонија редовно си ја „гази“ селекцијата на оваа земја, а на клупски план имаме само една позитива. Една и тоа вредна елиминација имаат нашите екипи и тоа пред точно 20 години. Во времето на Работнички, кога тогашниот првак на нашата земја со убедливи и рекордни 6:0 во Скопје го прегази Сконто Рига, нивниот најдобар клуб на сите времиња.
ФК Рига сега е наследник на тој клуб но со различни бои, клуб кој игра на истиот „Сконто“, стадион во пресолнината на Летонија. Клуб кој има победа од 3:2 од Скопје пред денешниот реванш со првакот на Македонија во пресметката на „лузерите“ кои по елиминацијата од Лигата на шампионите сега имаат поправен испит во Конференциската лига.
Македонски тим нема победа во Летонија
И во тоа време на Работнички и таа победа од 6:0 во Скопје, нашиот првак не успеа да слави во Летонија. Загуби со 1:0 но тоа беше доволно за следна фаза. Во Летонија последни кои гистуваа се фудбалерите на Македонија Ѓ.П кои во 2023 година загубија од РФС Рига со 4:1 а во Скопје беа поразени со 0:1 во Конференциската лига.
Претходно Струга Т.Л имаше 1:1 во Летонија кај Лаипаја, но во Скопје загуби со убедливи 1:4, исто така во Конференциската лига. Леипаја во 2015 година е елиминирана од Работнички во Лигата на Европа но дома славеа со 1:0 а загубија во Скопје со 2:0.










