Пријателски: Работнички подобар и од Еуромилк ГЛ, Беласица славеше против Кожуф

144
фото: ФК Работнички (FB)

Во очекување на стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Работнички запиша уште една победа на пријателски натпревар. Денеска дебармаалци одиграа контролен меч со екипата на Еуромилк ГЛ и остварија победа од 2:1.

Момците на Баже Јанакиевски двата гола ги постигнаа во првиот дел од натпреварот. Во 39. минута погоди Кудијан, а смао три минути подоцна гол постигна и Исмаили.

Попладнево тест-натпревар одиграа и Кожуф и Беласица. За Кожуф тоа беше вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за новата сезона на кој беше поразен од Беласица со 0-2 (0-0).

 

ПретходноПолувреме во Рига: Вардар води, но има и играч помалку (ВИДЕО)
СледноСпиркоски е ново име во составот на Пелистер