Вардар не успеа да ја продолжи европската авантура. Иако македонскиот тим имаше шанса да се пласира во следната рунда во Конференциската лига и водеше со 0-2 против Рига, сепак не издржа. Прими гол во 87. минута, што значеше продолженија, а таму целосно се распадна.
„Три минути не делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди на противникот иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч помалку. По примениот гол веќе не можевме уште цели 30 минути со играч помалку. Меѓутоа сум презадоволен од тоа како екипата беше поставена на теренот и се бореше“, изјави после мечот тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани.
Вардар заврши со настапите во Европа и сега ќе се сврти целосно кон одбрана на титулата, но и враќање на Куп-трофејот.










