ТФТ во својот ростер додаде уште едно ново име за следната сезона. Станува збор за Секу Сила, кој е познат по честите дебал-дабл ефекти.
„Машината за „дабл-дабл“… од репрезентацијата на Гвинеја , преку улиците на Њујорк, директно во Тафта Сити! Минатата сезона настапуваше за Коплинг Старс во Првата шведска лига, каде што бележеше извонредни 21,6 поени и 10,7 скока по натпревар, остварувајќи доминантен просек на „дабл-дабл“.
Во текот на својата кариера настапувал и во САД (NCAA Дивизија I и II), Австралија, Финска, Словачка, Македонија, Шведска и Доминиканската Република, постојано докажувајќи се како еден од најпродуктивните центри на теренот“, се вели во описот на ТФТ за новиот кошаркар.
Тимот од Тафталиџе ја чека одлуката на Апелација по жалбата за неисплатени долгови кон КФСМ, што пак е главен предуслов за да учествува во мак-елитата во новата сезона. ТФТ ќе настапи и во АБА2-лига.










