Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер му донесе пласман во 3. коло од Конференциската лига на тимот на Панатинаикос, кој вечерва се мачеше на домашен терен против унгарски Пакс во реваншот од 2. коло.
Иако Грците славеа на првата средба со 2:1, на реваншот пред своја публика дозволија Унгарците двапати да водат, но Растодер успеа со голот во 85. минута да донесе клучно израмнување за конечни 2:2 и пласман на „детелинките“ во следната рунда.
Ова беше гол првенец за нашиот репрезентатцивец во дресот на грчкиот клуб.
ET RASTODER S’EN VA SAUVER LE PANATHINAIKOS !!! ☘️ pic.twitter.com/st857zlYEf https://t.co/Wi28aThWef
— Feuille de Match (@fdematch) July 30, 2026










