Матеус Лемос кој беше промовиран во Арачиново – го нудат во Штип!

545

Поранешниот фудбалер на Вардар, Матеус Лемов летово беше промовиран како големо заслување во екипата на Шкендија од Арачиново. Новиот прволигаш ја направи промоцијата на офанзивниот крилен фудбалер меѓу првите во свооте редови и се чинеше дека тој ќе биде од огромна корист за клубот од Арачиново.

Но, пристигнуваат информации дека со Лемос и Шкендија има проблем. Фудбалерот не настапи за „црвено-црните“ на премиерниот меч од новата сезона против Струга Трим Љум. Паралелно тој бил понуден во Брегалница од Штип од каде деновиве се распрашуваат за квалитетите на фудбалерот од Бразил кој од Вардар пред две години си замина со тешка повреда (скинати лигаменти).

ПретходноАвстрија ќе ја пречека Македонија во Виена
СледноСрамното оправдување на Анчелоти за Светското првенство