Полувреме: Шкендија имаше повеќе шанси, но на одмор се оди со реми (1:1) (ВИДЕО)

103

Во исклучително возбудливо прво полувреме, фудбалерите на Шкендија и Браво одиграа 1:1, иако нашиот претставник во Конференциската лига, реално, имаше сериозни шанси за сигурно водство. По стартниот притисок и неколкуте пропуштени можности, казната стигна во 17. минута, кога гостите преку Стојановиќ дојдоа во водство од 0:1. Гостинскиот стрелец постигна прекрасен гол и ја шокираше домашната публика.

Сепакк тетовци брзо се кренаа, притиснаа и дојдоа во ситуација многу брзо да израмнат. Шансите се редеа една по друга, но среќата не ги посака во неколку наврати. Сепак, во 36. минута по една одлична комбинација од корнер, топката заврши остро во шеснаесетникот на гостите, а несреќниот Јован ја смести во сопствената мрежа за 1:1.

Останува Шкендија да притисне и во вториот дел за да дојде до посакуваната победа.

ПретходноДамјан Робев останува во Градски парк
СледноУтре стартува продажбата на сезонските билети за Е. Пелистер