Арис му дозволи на Димитријевиќ да игра за Македонија против Австрија

421
Фото: ФИБА

Кошаркарската федерација на Македонија денеска излезе со информација за официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим.

„Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на раководството на Арис. Со ваквиот став на клубот, практично се отстранети сите евентуални дилеми околу клупските обврски на Ненад Димитријевиќ. Тоа е охрабрувачка вест за македонската кошарка и за сите љубители на спортот кои посакуваат нашата репрезентација да настапи во својот најсилен состав. Сега вниманието природно се насочува кон претстојниот список на селекторот и кон одлуката на Ненад Димитријевиќ. Искрено веруваме дека тој ќе го прифати повикот и повторно ќе го облече дресот со државниот грб, затоа што секој настап за Македонија е повеќе од спортски предизвик – тоа е чест, гордост и привилегија. На крајот на август нашата репрезентација ја очекува исклучително важен натпревар на гостински терен против Австрија, со кој започнува новиот претквалификациски циклус. Во вакви моменти, единството и присуството на најдобрите македонски кошаркари имаат огромно значење. Кошаркарската федерација на Македонија останува посветена на создавање позитивна атмосфера околу националниот тим и верува дека сите наши репрезентативци, без разлика каде настапуваат, ја чувствуваат истата одговорност и љубов кон државниот дрес. Македонската јавност секогаш знаела да ги препознае и да ги цени оние кои со срце ја претставуваат својата татковина. Убедени сме дека и овојпат ќе биде така“, велат од Македонската кошаркарска федерација.

ПретходноАна Стојков, од ракомет до прва Македонка со ФИФА лиценца за фудбалски менаџмент: Не дозволувајте некој да ви каже дека нешто не можете затоа што сте жена!
СледноФИФА го зголеми „поткупот“: По 86 милиони долари за секој кој ќе гласа за „приватно Светско“!