КЛ: Пласманот во 3. коло на Шкендија веќе и донесе сигурни над 1 милион евра

396
фото: KF Shkëndija (FB)

Со елиминацијата на Браво и пласманот во 3. коло од Конференциската лига, Шкендија веќе има сигурна заработка од над 1 милион евра. Според системот на награди на УЕФА од настапот во европските купови, самиот пласман во оваа трета рунда од третото по ранг европско натпреварување на тетовските „црвено-црни“ им донесе 550. 000 евра.

Во случај да не успеат да го минат следниот противник, УЕФА ќе им исплати уште 525.000 евра за досегашните минати фази од ова натпреварување, што значи дека Шкендија веќе има сигурни 1.075.000 евра.

Ако, пак, успее да направи прогрес и во плеј-оф колото, Шкендија на своето конто ќе инкасира најмалку 1,45 милиони евра дури и ако испадне во оваа фаза.

ПретходноФИФА не се откажува од идејата за „приватно“ Светско: Ќе продолжиме со консултациите
СледноРастодер по првенецот: Можев да дадам и два гола, но најважно е што одиме понатаму