По само две години брак: Ендрик се разведува, сопругата му бара милиони!

303
ФОТО:Instagram screenshot

Изгледа дека толку беше љубовта. Иако до неодамна важеа за еден од најинтересните млади парови во светот на фудбалот, се чини дека нивната врска достигна сериозна криза. Според извори блиски до двојката, Миранда повеќе не сака да го продолжи бракот и одлучила да покрене судска постапка
Голема драма го тресе приватниот живот на младиот ас на Реал Мадрид, Ендрик. Според некои медиуми, 23-годишната Габриели Миранда наводно е подготвена да поднесе барање за развод по само две години брак со бразилскиот фудбалер. Иако до неодамна важеа за еден од најинтересните млади парови во светот на фудбалот, се чини дека нивната врска достигна сериозна криза. Според извори блиски до двојката, Миранда повеќе не сака да го продолжи бракот и одлучила да покрене судска постапка.

Особено внимание привлече наводните барања што Габриели ги поставила за време на процесот. Таа наводно бара 70 насто од имотот на Ендрик, месечна алиментација од 50.000 евра и фудбалерот да ги покрие трошоците за нејзиното правно застапување во текот на целата постапка. Ендрик, кој на само 19 години веќе стана еден од најпознатите млади играчи во светот откако се пресели во Реал Мадрид, јавно не ги коментираше обвинувањата. Бразилскиот напаѓач и Габриели Миранда често беа во центарот на вниманието. Нивната врска привлече големо внимание токму затоа што двајцата се многу млади, а се венчаа кога Ендрик сè уште беше тинејџер.

ПретходноТотенхем е освојувач на Сиднеј купот
СледноБорнмут е посилен за Антонио Силва