Рустемовски освои злато на силниот турнир во Сараево

36
фото: National Boxing Federation of North Macedonia (FB)

Ален Рустемовски оствари уште еден голем успех, откако на меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Талијан“ во Сараево успеа да го освои првото место, а притоа и да ја добие наградата за најдобар техничар на турнирот.

Рустемовски во полуфиналето во категоријата до 60 килограми, убедливо го совлада Мутез Бечагра од Алжир со 5:0, по што во финалната борба славеше со супериорни 5:0 славеше против Јапонецот Шудаи Харада, кој е петтопласиран на светската ранг-листа и освојувач на петто место на Олимписките игри.

На турнирот „Мустафа Талијан“ во Сараево настапија повеќе од 120 боксери од 21 држава од светот.

ПретходноТимот на Милан нема да присуствува на погребот на Франко Барези
СледноБрентфорд го купи Сангаре и го собори клупскиот рекорд