Го призна поразот: Инфантинo се откажа од проектот со кој го разгневи фудбалскиот свет!

110
фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X)

Бадијала планираниот поткуп, бадијала дилот со најблиското опкружување на Доналд Трамп. Џани Инфантино го призна поразот. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека го откажува озлогласениот проект „FIFA Forward Enterprise“, преку кој сакаше да продаде малцински удел во Светското првенство преку акции на приватни инвеститори. Инфантино, под притисок на УЕФА, ACF и CONCACAF, европските, азиските и северноамериканските фудбалски организации, го напушти својот план.
„Проектот FIFA Forward Enterprise требаше да создаде основа за понатамошно зајакнување на нашите членови низ целиот свет, особено во оние земји на кои им е најпотребен. На почетокот рековме дека ќе го спроведеме проектот само ако мнозинството членови се согласат со него. Откако ги слушнавме сите страни, стана јасно дека немаме потребно ниво на поддршка.Нашата цел секогаш ќе биде да се обединуваме и да се подобруваме. Затоа нема да продолжиме со проектот. Мојата цел во следните неколку дена е да ги зближам сите луѓе кои делат исти интереси во нашиот спорт, со цел подобрување на фудбалот насекаде, особено во земјите на кои им е најпотребна нашата поддршка“, објави претседателот на ФИФА.

 

Претходно„Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар, Битола е прекрасна“
Следно“Бомба“: Винисиус ги договорил личните услови со Арсенал!