Класичен потег на суперстар во залез…. Салах на пат за Турција

138

Еден од најдобрите фудбалери во последната декада во светот, египќанецот Мохамед Салах многу веројатно се сели во Турција и ќе го облече дресот на Трабзонспор.

Турските медиуми се полни со текстови на оваа тема, а дел од нив велат дека тој сепак оди во Бешикташ.

Едно е сигурно дека турските гиганти се подготвени да влезат во „војна“ за услугите на фудбалерот кој одбележа цела декада во дресот на еден од најголемите клубови во светот, Ливерпул.

Многу е важно да се напомене дека Салах во моментов е слободен играч и може да бира каде ќе игра, а згора на тоа не треба за него да се плати ништо.

 

ПретходноПромоција: Ова е новиот дрес на Е. Пелистер за следната сезона (ВИДЕО)
СледноНаполи го слави 100. роденден со огномет и бесплатна пица Маргарита