„Експлозија“ на Дориев: Со хет-трик сам и донесе победа на Согдиана (ВИДЕО)

186

Македонсиот репрезентативец Љупче Дориев имаше уште еден брилијантен настап во дресот на екипата на Согдиана. Во меч од 15. коло на узбекистанската Суперлига, екипата на Согдиана славеше со 3:1 на гостување кај Машал, а Дориев „експлодираше“ постигнувајќи хет-трик.

Првиот гол Дориев го постигна во 5. минута за водство на Согдиана од 0:1. На стартот на второто полувреме, Согдиана доби пенал, а Дориев го претвори во водство од 0:2. Со третиот гол во 60. минута Дориев ја потврди убедливата победа на својот тим.

Иако Согдиана не котира добро на табелата во Узбекистан (13. место), Дориев е убедливо најдобриот стрелец во лигата со 11 гола.

ПретходноАмериканка и Канаѓанка следната сезона во дресот на Пелистер
СледноЦепелинот на Македонија е еден од петте најубави голови на кадетското ЕП (ВИДЕО)