Официјално: Коло Муани е нов фудбалер на Јувентус

45

Јувентус го објави трансферот на Рандал Коло-Муани од ПСЖ.

Клубот објави дека трансферната сума изнесува 38 милиони евра, распределена во рати во текот на четири години, со дополнителни 3,2 милиони евра што треба да им се платат на агентите.

Покрај тоа, договорот предвидува бонуси во вкупен износ до 12 милиони евра по постигнување на одредени цели.

27-годишниот француски напаѓач потпиша договор со клубот од Торино до 2031 година.

ПретходноЦепелинот на Македонија е еден од петте најубави голови на кадетското ЕП (ВИДЕО)
СледноПСЖ испрати понуда за Сузуки, Парма ќе ја прифати