Мелсунген ги предупреди своите фанови за мечот со Вардар во Скопје

591

Подготовките за новата сезона во Лигата на шампиони речиси насекаде се започнати. Единствен претставник во најсилното европско клупско натпреварување од Македонија ќе биде Вардар.

Актуелниот македонски првак доби интересна група, ќе игра против Висла, Нант и Мелсунген, тим со кого се сретна минатата сезона, но во Европската лига.

ЕХФ го одреди распоредот за групната фаза, но од таборот на Мелсунген дојде предупредување до фановите.

Дуелот со Вардар е закажан за 28 октомври во Скопје, но бундес-лигашот ги посоветува навивачи.

„Натпреварот на гости во Скопје може да биде презакажан. За новиот датум ќе ве известиме навремено“, се вели во забелешката на официјалниот сајт на Мелсунген.

Ова значи дека фановите не треба уште сега да купуваат авио-билети за главниот македонски град, бидејќи терминот ќе биде променет и мечот ќе се игра друг ден.

ПретходноНа Артета му го спомнаа Винисиус – неговата реакција направи хаос кај навивачите!
СледноДва гола на Левандовски во незаборавно деби на домашен терен (ВИДЕО)