Го освои Мундијалот, беше најдобар играч на СП, а сега јава коњи на Дурмитор во Црна Гора!

325
ФОТО: Instagram/etnokatundurmitor

Шпанската фудбалска репрезентација неодамна го освои Светското првенство против Аргентина со победа од 1:0 по продолженија, а најдобриот играч на турнирот – Родри, реши да оди на одмор на неочекувана дестинација. Најдобриот играч на планетата пристигна во Црна Гора. Да, добро прочитавте, најдобриот играч на овогодинешното Светско првенство реши да го помине одморот со посета на Црна Гора, беше во Еко Вилиџ Невидио, беше и во Ловќенац, а сега го посети и Дурмитор.

Тој и неговата поубава половина пристигнаа во Етно Катун Дурмитор, каде што јаваше коњи. Објавено е и видео од фудбалерот на Манчестер Сити, кој е посакуван од Реал Мадрид, како прво се фотографира со луѓе, а потоа седи на коњ и си заминува.

Голема чест ни е што Родри, капитенот на шпанската репрезентација и еден од најдобрите фудбалери во светот, го избра Етно Катун Дурмитор за да ужива во природата и јавањето коњи. Особено ни е драго што имавме можност да бидеме домаќини на врвен спортист и човек кој со својата работа, талент и скромност инспирира милиони луѓе ширум светот. Му посакуваме многу среќа и успех во продолжението на неговата кариера“ информираа од Етно Катун Дурмитор.

ПретходноХендерсон и официјално во Челзи!
СледноОфицијално: Покетино ќе биде селектор на САД до 2030!