Официјално: Покетино ќе биде селектор на САД до 2030!

28
ФОТО:.facebook.com/officialussoccer/

И дефинитивно Маурицио Покетино ќе остане селектор на САД во следните четири години. Ова значи дека Аргентинецот ќе ја предоводи оваа селекција и на следното СП 2030. Имено денеска раководството на Фудбалската Асоцијација на САД официјално објави дека со Покетино е продолжен договорот па така тој останува на селекторската функција и во наредниот период.

Оваа вест е по малку изненадувачка ако се знае дека некогашниот стратег на Тотенхем, Челзи, ПСЖ…очекуваше понуда од некоја друга селекција, на пример од неговата земја или од некој гигант, но откако тоа го немаше, се одлучи да ја продолжи соработката со селекцијата на САД.

ПретходноГо освои Мундијалот, беше најдобар играч на СП, а сега јава коњи на Дурмитор во Црна Гора!
СледноТашовски и официјално во КК Дубровник!(ФОТО)