Ерјона Јонузи потпиша за шампионот на Словачка!

60
фото: Martina Suváková | @tina.suvak

Нашата одбојкарска репрезентативка, Ерјона Јонузи потпиша за словачкиот шампион, тимот на Слован Братислава. Тоа значи дека Јонузи направи трансфер од Ново Место во најдобриот клуб во Словачка.

Да потсетиме дека во Ново Место, една од нашите најдобри одбојкарки мина и тоа како две успешни сезони, но сега е време за нови предизвици во својата кариера.

Инаку Јонузи својата успешна кариера ја започна во Шкендија, следуваше интернацинална кариера во Турција, а беше дел и на екипите на Универзитет Тетово и Работнички, каде освојуваше и трофеи на домашната сцена.

ПретходноТашовски и официјално во КК Дубровник!(ФОТО)
СледноМакедонецот со победа го одбележа дебито: Чурлинов стартер за Погон!