Басиру Компаоре со супер трансфер во Јордан

166

Досегашниот играч на екипата на Струга Трим Лум, Басиру Компаоре го прави трансферот на кариерата во најдобрата фудбалска конкуренција на Јордан.

Напаѓачот е нов член на екипата на Ал Фаисали, еден од најдобрите фудбалски колективи во оваа земја.

Компаоре си замина од Струга ТЛ летово и имаше слободи документи да се пресели каде сака.

Очигледно дека одба фантастична дестинација затоа што фудбалот на Блискиот исток е во огромна експанзија.

Компаоре во моментов има 28. години, своевремено беше со статус на репрезентативец на Буркина Фасо, а за каков клуб се работи кога е во прашање Ал Фаисали, доволно говори фактот што на социјалните мрежи го следат 600.000 следбеници.

 

ПретходноИлјадници фанови се простија од Франко Барези
СледноПуштени во продажба билетите за дербито Вардар – Шкендија