Некогашниот македонски младински репрезентативец, Методиј Максимов следните шест месеци ќе ги помине на позајмица во неговиот поранешен тим, екипата на Брегалница.
Играчот на австриски Ласк, доаѓа во Штип по минутажа, затоа што сеуште се обидува да се врати во старата препознатлива форма, која што и му го донесе трансферот во странство.
Тој ја имаше таа незгодна повреда на лигаментите, која што го оддалечи од теренот извесен период, а сега крилниот напаѓач едноставно почнува од ново што се вели.















