Сања Дабевска потпиша за Хапоел Ашдод

47

Македонската ракометна интернационалка, Сања Дабевска е нов член на израелскиот ти на Хапоел Ашдод.

Досегашниот член на екипата на Бор од Црна Гора ја продолжува својата интернационална приказна, со нова авантура, овојпат во силната лига на Израел.

Дабевска со својата борбеност, пожртвуваност и победнички дух со години е пример за професионализам и посветеност. Нејзиниот нов трансфер е уште една потврда дека македонските ракометарки имаат што да понудат на европската сцена.
ПретходноПуштени во продажба билетите за дербито Вардар – Шкендија
СледноБрегалница го потврди Максимов