Хиберниан – Шкендија на МТВ 2: Тетовскиот клуб ги откупи ТВ правата од мечот во Шкотска!

386

Нема што, убав гест на Шкендија. Имено единствениот наш преостанат претставник во Европа направи гест за респект. Првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции во Единбург против Хиберниан, кој се игра на 6 август (четврток) од 21 часот, ќе може да се проследи низ директен пренос на МТВ 2 и тоа на големо задоволство домашната фудбалска и спортска јавност.

Пофалбите за Шкендија се во тоа што самиот клуб ги платил ТВ правата и со тоа и овозможил на МТВ 2 да го пренесува мечот од Единбург.
“Да, точно е тоа дека Шкендија како клуб ги плати ТВ правата и затоа ќе има ТВ пренос од Единбург на МТВ 2. Шкендија ова го стори со цел да и им овозможи на сите свои фанови, потоа на цела фудбалска и спортска јавност во државата да ги проследи настапите во Европа на нашиот клуб, секако и да се навива покрај ТВ екраните за Шкендија која и овојпат ќе се обиде да оствари голем успех во своите европски настапи“ велат од Шкендија.

И повторно, респект за Шкендија за овој потег.

ПретходноШто значи денешната победа за Македонија и самиот пласман во Топ16?
СледноИнфантино ја губи и поддршката од Венгер? Еве што објави познатиот тренер