Дејвид Греј: За да се победи Шкендија, мора да бидеме на нивото од лани кога го минавме Партизан

185
ФОТО:facebook.com/HibernianFootballClubOfficial

Утре со почеток од 21:00 часот, екипата на Шкендија на гости во Шкотска го игра првиот од двата дуела кои се дел од третото квалификациско коло за Лигата на Конференции, против домаќинот Хиберниан.

Домаќинот попладнево ја имаше официјалната прес конференција на која што тренерот Дејвид Греј даде свое мислење за утрешниот меч, противникот, како и апдејт за здравствениот билтен во тимот.

Греј објави дека играчот за врска Калум Рајт најверојатно ќе биде способен да настапи, но не и Џејми Мекграт и Ники Каден кој и натаму се повредени.

„Калум Рајт е дел од тимот, тренираше и ќе биде во составот за утрешниот меч. Она што мора да го истакнам е дека имаме квалитетен противник пред себе. Во оваа фаза од натпреварувањето нема лесни противници. Мораме да бидеме на највисоко ниво, како што бевме да речеме минатата година во оваа фаза, кога го победивме Партизан. таква изведна е потребна утре. Перфектна вечер, за да минеме понатаму“ – рече тренерот на Хиберниан.

 

 

ПретходноЗејнулаи: Подготвени сме, иако тука временските услови со спротивни од Македонија
СледноМилан и Интер ремизираа во далечната Австралија