Денеска во хотелите „Белви“ во Скопје и „Принцес“ во Гевгелија беа одржани официјалните технички состаноци со претставниците на сите 22 репрезентации учеснички.
На состаноците беа финализирани сите организациски и натпреварувачки детали, со што и официјално завршија подготовките за шампионатот кој од 6 до 15 август ќе се игра во Скопје и Гевгелија.
Македонија повторно е домаќин на голем европски младински кошаркарски настан, а најдобрите кадетски селекции ќе се борат за пласман во Дивизијата „А“.










