Македонската кадетска репрезентација успеа да обезбеди место во Топ16 на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски остварија две победи после трите порази на стартот и се најдоа во позиција да се борат за место на Светското првенство 2027 година.
Прв противник во битката за пласман од 9. до 16. место е селекцијата на Фарски Острови, мечот се игра утре со почеток во 12 часот. Оваа двојка вкрстува со Португалија – Шведска. Што значи во победа или пораз, Македонија ќе игра следно со еден од овие противници.
Европското првенство – разигрување 9-16 место:
Фарски Острови – Македонија
Србија – Австрија
Португалија – Шведска
Полска – Израел










