Страшно: По напад на улица, фудбалер убиен во Уганда!(ФОТО)

44

Страшно. Фудбалската јавност во Уганда беше шокирана од веста за смртта на Давид Овори, капитенот и лидер на Вила. Искусниот дефанзивец им подлегна на повредите во болница во Кампала откако беше брутално нападнат во близина на неговиот дом во Макиње. Лекарите дадоа се од себе, но несреќниот фудбалер не можеше да биде спасен.
Иако веста дека Овори загинал во сообраќајна несреќа со мотоцикл првично се прошири на социјалните мрежи, клубот набрзо се огласи и ги негираше тие гласини, потврдувајќи дека нивниот капитен е жртва на брутален напад од непознати лица. Овори беше клучен играч и лидер на најтрофејниот клуб во земјата (17 шампионски титули на Уганда), во кој го отслужи својот втор мандат. Тој се сметаше за еден од најдобрите десни бекови во земјата, а меѓу своите соиграчи и навивачи уживаше голема почит поради неговиот професионализам и лидерски карактер.

ПретходноЊукасл го официјализираше новиот тренер и ги шокира сите!(ФОТО)
СледноПроблем за Шкендија: Тренерот Положани поради проблем со визата дури утре ќе биде во Единбург