Шкендија направи „touchdown“ во Шкотска за утрешниот дуел против Хиберниан (ВИДЕО)

239

Екипата на Шкендија предмалку и официјално пристигна во Шкотска, каде што утре со почеток од 21:00 часот го игра првиот од двата дуела против домаќинот, Хиберниан, во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Тетовци со чартер лет заминаа за Островот, каде што секако се пречекани на перфектен начин, како што е тоа и обичај кога станува збор за мечевите во Европа.

Шкендија посакува повторување на успехот од минатата сезона кога беше дел од групната фаза на ова натпреварување. Вечерва секако ќе го одржи и официјалниот тренинг пред утрешниот меч.

ПретходноИЏЕ СО НОВ ПРЕДИЗВИК – ПРВ МАКЕДОНСКИ ВОЗАЧ КОЈ ЌЕ НАСТАПИ СО ПРОТОТИП БОЛИД
СледноЧаир дефинитивно нема да игра елитна кошарка следната сезона