Попладнево раководството на Башкими на своите социјални мрежи се пофали дека успеало да ангажира десет нови имиња. Тоа се фудбалери кои малку се позната на домашната фудбалска јавност, но во каква ситуација се наоаѓа клубот од Куманово, секое ново име е добредојдено.
Ова се новите играчи на Башкими: Мал Јонузи, Џулијан Капланај, Габриел Тенлеп, Андри Стафа, Билал Исени, Фавзи Јахаја, Антонио Мајмона, Клаудио Мартинез, Андреј Љубевски, Теодор Мирчевски.
Колку за потсетување. Башкими во рамките на првото коло во новата сезона во ПМФЛ во Кратово дожиева вистински дебакл, пораз од 6:0, на тој меч настапи со повеќе младинци.















