Во пресрет на СП во џуи – џицу: Ацевска пристигна во Абу Даби, максимално подготвена!

27

Денес во Абу Даби на Светското првенство за 2026 година пристигнаа Катерина Ацевска со нејзиниот тренер.

Утре е официјалната вага додека задутре се борбите.

Тренерот по пристигнувањето во Аби Даби ни изјави:

Имаме два дена за аклиматизација и одмор. И покрај пеколната температура, расположението и здравјето на Катерина е на највисоко ниво. Јас најпрво посакувам Катерина да нема никаква повреда, повредата на стапалото од Париз е целосно залечена. Потоа би бил задоволен доколку го повториме успехот од минатото Светско првенство во Банког, Тајланд каде што Катерина го освои третото место бронзениот медал, воедно прв медал за Македонија од Светско првенство. Не очекуваат борби против претставнички од Монголија, Казахстан, Русија, Турција, Мароко, еден за нас нов предизвик. Поради нестабилноста на блискиот исток некои Европски Држави го откажаа своето учество што секако ни дава и поголема шанса за медал. Секој резултат и секој бод е добредојден поради Светската ранг листа и задржување на првото место на истата.

Сметам дека Катерина е физички и психички подготвена за овој нов предизвик и останува да дојде денот за борби, нашата стратегија е подготвена и да се надеваме на успех и повторно искачување на пиедесталот.”.

Претходно“Бомба“: Родри ја одбра Барселона, Мурињо гневен на раководството на Реал!
СледноПознати се стартните состави: Шкендија со Рамани на голот, Манев во дефанзивата, нападот е истиот…