Густаво Лопез си летна за Аргентина, Вардар остана вез асистентот на Фабијани

1068

Најавен како големо засилување за стручниот штаб на Вардар и тренерот Кристијан Фабијани, Густаво Лопез издржа неполни два месеци како асистент-тренер во таборот на „црвено-црните“. Лопез ги спакува куферите и замина за Аргентина, со што му кажа „збогум“ на Вардар и Фабијани, само неколку дена по европското фијаско и експресната елиминација на македонскиот првак од европските настапи.

Дали вината е кај Густаво Лопез, поранешен играч на Атлетико Мадрид, па затоа споменатиот тренер сега веќе е минато во Вардар!?

Има многу нејаснотии, но факт е дека и Кристијан Фабијани може да се пакува, на пример, ако во недела не ја победи Шкендија. Постојат многу интересни приказни кои кружат низ градот, а се поврзани со Вардар, но барем засега тоа се само приказни, а не и дела.

На пример, вчера Христијан Кировски, поранешен фудбалер на Вардар, а сега тренер во младинските категории, е назначен за помошник на Фабијани и тоа на местото на Густаво Лопез. Популарниот Џери треба да помогне во стручниот штаб, кој по елиминацијата од Рига им даде пет слободни дена на играчите, нешто што во современиот и професионален фудбал е несвојствено.

ПретходноИграше и Положани: Шкендија веќе имала двомеч со тим од Шкотска во Европа, и нема пораз (ВИДЕО)
СледноНапаѓачот кој предизвика скандал на СП, бил понуден на Тотенхем!