Играше и Положани: Шкендија веќе имала двомеч со тим од Шкотска во Европа, и нема пораз (ВИДЕО)

241

Вечерва во Единбург од 21 часот на “Истер Роуд“ стадионот, Шкендија во првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе му гостува на Хиберниан.

Ова за тетовци ќе биде 74-тиот меч во фудбалска Европа во нивната историја, досега имаат 27 победи.

И кога сме кај историјата на Шкендија, да кажеме дека тетовци веќе имаат играно двомеч во Европа и немаат пораз. Во летото 2015 година, во првото коло во Лигата на Европа, Шкендија тогаш налета на славниот Абердин.

На првиот меч на Арената во Скопје беше 1:1. Шкотите поведоа со голот на МекГин во 79.минута, додека Кировски пет минути подоцна успеа да израмни.

На реваншот во Шкотска, Шкендија одигра навистина добро, имаше неколку шанси и зицери, ама на крајот резултатот гласеше 0:0, па само поради гол во гости тимот на Абердин се пласираше во следната фаза.

Интересно е тоа што на тој двомеч за Шкендија играше Артим Положани, сегашниот стратег на тетовци.

ПретходноПобегна во Реал за бадијала, доби шлаканица од Мурињо, а сега сака назад на „Енфилд“!
СледноГуставо Лопез си летна за Аргентина, Вардар остана вез асистентот на Фабијани