Стојановски: „Го направивме првиот чекор, сега целосно сме фокусирани на Исланд“

85

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници.

Сепак, потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд.

Добар прв чекор. Како што кажав и пред почетокот на првенството, одиме чекор по чекор.

Задоволен сум од енергијата што ја покажаа момците. Токму тоа сакавме да го видат и нашите навивачи. Воодушевен сум од поддршката од трибините и се надевам дека утре ќе имаме уште поголема публика.

Секако, има работи што мора да ги поправиме. Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува. Против ваков противник, во одредени моменти требаше да играме помирно и пострпливо. Но, ова се млади момци, атмосферата ги понесе и тоа е разбирливо.

Од овој момент целосно сме насочени кон следниот натпревар. Ќе го анализираме Исланд и ќе се подготвиме максимално, затоа што сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да стигнеме до нова победа.

Очекувам Исланд да игра со многу енергија, па ќе мора да бидеме подготвени за голема борба во скокот. Ако успееме да го контролираме тој сегмент од играта, ќе можеме да трчаме, а тоа е стилот што го сакаме – брза кошарка со што повеќе отворени шутеви.“

ПретходноПолувреме: Добра Шкендија, без голови во Единбург!
СледноОфицијално: Легендарниот Диего Форлан е нов селектор на Уругвај(ФОТО)