Одлична атмосфера во Гевгелија: Кадетите имаа поддршка од Главчев и Илиевски (ВИДЕО+ФОТО)

117

Македонската кадетска машка репрезентација победнички стартуваше на Европското првенство „Б“ Дивизија. Нашите кошаркари славеа против Кипар со убедливи 63-82, во меч кој се одигра во салата „26 април“ во Гевгелија.

Кадетите имаа поддршка од трибините, во одлична атмосфера се одигра првиот меч од групата. Поддршката е од големо значење за нашите надежи во битката за пласман во елитната дивизија.

На трибините беше и претседателот на КФСМ, Томица Главчев, тој натпреварот го проследи заедно со кошаркарската легенда, Владо Илиевски, кој е координатор на сите национални селекции.

Македонија веќе утре го игра вториот натптевар, а за противник ја има селекцијата на Исланд. Мечот се игра во салата „26 април“ во Гевгелија, исто со почеток во 18:30 часот.

ПретходноНи голот на Марко не помогна: Шкендија со минимален пораз во Единбург!(ВИДЕО)
СледноТетовци има за што да жалат, ама реваншот го играат пред своите фанови (ФОТО)