Дарко Димитријевиќ и следната сезона ќе го предводи Бадел 1862!

64

Екипата на Бадел 1862 продолжи со градењето на тимот за новата сезона. Од таборот на вицепрвакот известија дека на клупата останува Дарко Димитријевиќ, тренерот кој приреди чудо и го однесе тимот до финалето на плеј-офот. Димитријевиќ го елиминираше во полуфиналето актуелниот првак, Баскет Кам.

„На наше големо задоволство, Бадел 1862 и Дарко Димитријевиќ ја продолжија соработката и за следната сезона.

Димитријевиќ зад себе има одлична сезона на клупата на Бадел 1862. И покрај играчките проблеми со кои се соочувавме во текот на минатата сезона, успеа да создаде тим кој се бореше до самиот крај и стигна до финалето.

На патот до финалето, Бадел 1862 успеа да елиминира и поквалитетни и поискусни противници, покажувајќи дека со вистински пристап, борбеност и верба во тимот може да се направи многу.

Неговата посветеност, знаење и однос кон екипата се од големо значење за нас и затоа ни е особено драго што продолжуваме заедно.

Веруваме дека и следната сезона нè очекуваат многу убави моменти и многу причини за славење“, се вели во соопштението на Бадел 1862.

ПретходноНикола Ѓорѓиев: „Ќе се бориме и мислам дека ќе успееме да ја израдуваме македонската нација!“(ВИДЕО)
СледноУжасен гаф на коментаторот на РТС: Како Партизан да не е српски клуб!(ВИДЕО)