Емотивен момент од Белград: Марко Ѓорчески со порака за Јовиќ!

507

Македонската кадетска репрезентација после тешките натпревари во групната фаза на Европското првенство успеа да се издигне и да влезе во серија од три победи, а со тоа да обезбеди минимум 12-место на овој шампионат.

Избраниците на Горан Кузманоски против Фарски Острови покажаа дека имаат карактер за големи работи. Денеска веќе ги чека нов натпревар против Португалија.

Вчера од Белград беше испратена уште една емотивна порака. Марко Ѓорчески после мечот излезе со маица со посвета на македонскиот стратег и некогашен репрезентативец, Александар Јовиќ, кој рано го напушти овој свет.

„Во срце ве носиме“, стоеше на маицата на младиот ракомет. 

ПретходноСтолевски: Респект за Силекс, но бодовите остануваат дома
СледноТамара Атанасова: Не полот, туку резултатите, трудот и дисциплината треба да го вреднуваат спортистот