Уште еден младински репрезентативец на Македонија следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер.Битолчани го договорија репрезентативецот до 20 години, Бојан Димитриев. Се работи за 20-годишен кошаркар, висок 2024 сантиметри, а минатата сезона ја мина во дресот на Водно Санс.
КК Пелистер официјално ќе го претстави Димитриев на почетокот од подготовките.
Инаку досега покрај Димитриев, битолчани се засилија и со Кириловски, Сапунџиев, Златевски, Денинг и МекДауел, а со Марковски и Созовски договорите се продолжени.










